Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Сопругот на Мила Царовска од Шилегов добил милион денари за наводна детекција на болни растенија

(Видео) Арсовски: Сопругот на Мила Царовска од Шилегов добил милион денари за наводна детекција на болни растенија
Dik 300x250 mk

Молкот од страна на Град Скопје за тендерот за дронска детекција на болести кај растенија и вегетација е показател дека се работи за нелогична, несвојствена и ненормална набавка во ова време во Градот Скопје, обвини на денешната прес-конференција, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се земат предвид условите кои ги нуди фирмата ‘Флај Кем’, тоа е само дронско летање, а таму има еден вработен во таа фирма, тоа е сопругот на Мила Царовска. Ако се земе предвид мислењето на експертите, не постои дрон што може да детектира болест кај вегетација и растенија. И на крај ако се земе фактичката состојба  предвид, не постои служба, ниту, пак, експерти во Градот Скопје кои би направиле испитување на тие болни растенија, за да има конечен резултат градот од што се болни и како се болни, и како да се третираат“, нагласи Арсовски според кого очигледно е дека милион денари отишле на контото на семејството на Мила Царовска, за работа која ќе остане недовршена.

„Додека Мила Царовска го уништува образованието, нејзиниот сопруг со мрзеливиот Шилегов го уништуваат градот Скопје“, кажа партискиот портпарол додавајќи дека во иднина, кога ќе заминат од функциите, сите кои се огрешиле пред законот и коишто сториле криминал ќе одговараат.

Можете да прочитате

Младo момче ограбено во Градскиот парк

Филипче: Гласањето е најсилниот протест против неспособноста на власта!

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско