Во напад на руското воено воздухопловство врз две бази во близина на археолошкиот локалитет Палмира во Сирија, биле убиени околу 200 милитанти, изјави заменик-директорот на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Александар Карпов.
Тој додаде дека во нападот биле уништени околу 500 килограми муниција, како и значителна количина оружје, возила и компоненти за производство на експлозивни направи.
„Според разузнавачките служби, милитантите формирале база недалеку од Палмира за обука на борбени групи кои би биле испратени да извршат терористички напади во различни делови на земјата“, рече Карпов.
Според него, откако локацијата на терористичката база била потврдена од неколку канали, рускиот борбен авион го извршил нападот.