Утрински Весник
Свет

(Видео) Универзитетскиот кампус и библиотеката уништени во голем пожар во Кејптаун

(Видео) Универзитетскиот кампус и библиотеката уништени во голем пожар во Кејптаун

Поради огромен пожар во Кејптаун, денеска беа евакуирани три 17-катни згради.

Пожарот избувнал рано наутро во близина на спомен-обележјето на британскиот тајкун и политичар Сесил Родс на Ѓволскиот врв, дел од Кејптаун во подножјето на планината Тејбл, каде е сместен Универзитетот Кејптаун (UCT), еден од најпрестижните универзитети во Африка.

Објектот на универзитетската библиотека е сериозно оштетен, а околу 250 пожарникари се борат против огнот, пренесува Би-би-си.

Пожарот ја зафатил зградата на студентскиот кампус, еден близок ресторан е целосно уништен, а пожарникарите користеле и хеликоптери во акцијата.

Облакот чад од кампусот можел да се види на оддалеченост од неколку километри, а за време на гаснењето на пожарот, еден пожарникар претрпел изгореници и бил пренесен во болница на лекување, објави претходно „Ројтерс“.

Според проценките на противпожарната служба, ќе бидат потребни најмалку три дена за пожарот да се стави под контрола.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог