Бебе од Крагуевац на кое му била дијагностицирана инфекција со коронавирус веднаш по раѓањето, починало денес на Универзитетската детска клиника Тиршова во Белград, пренесува порталот „Телеграф“.
Веднаш по раѓањето на бебето, кое почина само девет дена по раѓањето, била утврдена инфекција со коронавирус. Таа било во добра состојба во првите часови по раѓањето, но во третиот час добило температура и наскоро ги развило сите симптоми на инфекција.
Новороденчето било поврзано на респиратор, но за време на третманот се развило мултисистемско откажување на сите органи, па со медицински надзор било префрлено на Универзитетската детска клиника Тиршова.
Како што пишува „Телеграф“, инфекцијата со коронавирус довела до цитокинска бура, состојба која вклучува создавање на огромен број на имунолошки клетки и прекумерно производство на цитокини. Оваа состојба се манифестира со сериозно воспаление, пневмонија, отежнато дишење, воспаление на дишните патишта и може да доведе до откажување на повеќе органи.
Феноменот „цитокинска бура“ – прекумерна реакција на имунолошкиот систем, се смета за главен фактор за откажување на органите и смрт кај некои пациенти со коронавирус, но засега не е јасно до кој степен тешката пневмонија кај критично болните пациенти со Ковид-19 е последица на вирусот или компликација како резултат на прекумерната реакција на организмот.
Цитокините се протеини со мала молекуларна маса кои дејствуваат како медијатори меѓу делови на имунолошкиот систем. Тие се лачат од разни клетки како макрофаги, лимфоцити, фибробласти… Цитокинска бура е процес во кој нашиот имунолошки систем реагира на непознат вирус се прекумерно создавање на клетките.
Тешкотии со дишењето, чувство на притисок врз белите дробови, усни и лице кои стануваат синкави се знаци на тревога и бараат итна медицинска интервенција, предупредува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Повеќето од хоспитализираните заболуваат од тешка пневмонија и болеста ги погодува обете белодробни крила. Влошувањето честопати се случува нагло, седум дена по појавата на првите симптоми, објаснуваат здравствените експерти.
Хиперимуната реакција – хиперпродукција на цитокини што предизвикува „блокада“ на алвеолите во белите дробови – создава едем што спречува кислородот да влезе во крвотокот, ги запушува крвните садови во бубрезите и другите органи и наскоро доведува до откажување на виталните системи на телото.
Лекарите предупедуваат дека најлошото е што таквата реакција се случува многу брзо, во рок од 24 до 48 часа и медицинскиот персонал е буквално немоќен да се справи со состојбата.