Утрински Весник
Свет

Киберкриминалот во Москва зголемен за речиси 40 отсто од почетокот на 2021 година

Киберкриминалот во Москва зголемен за речиси 40 отсто од почетокот на 2021 година
Dik 300x250 mk

Бројот на киберзлосторства во Москва се зголемил за речиси 40 отсто од почетокот на годинава, соопшти денеска градското обвинителство, пренесува ТАСС.

„Повеќе од 14.600 злосторства во кои се вклучени информатички и комуникациски технологии се регистрирани во Москва во првиот квартал од годината, што е за 38 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година“, се вели во соопштението.

Според органите на прогонот, повеќето киберкриминалци сакаат да украдат пари од банкарски сметки на други луѓе.

Обвинителството во Москва истакна дека луѓето никогаш не смеат да ги даваат никому деталите од своите банкарски картички преку телефон, дури и ако другата страна тврди дека ги претставува нивната банка или агенциите за спроведување на законот.

Можете да прочитате

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби