Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека ќе испрати сојузни здравствени работници да им помогнат на Торонто и провинцијата Онтарио во борбата против третиот бран на пандемијата на коронавирусот, што доведе до затворање на училиштата и претпријатијата.
„Мобилизираме сојузни здравствени работници од сите владини оддели да се распоредат во првите линии на фронтот во Онтарио, а особено во пошироката област на Торонто, каде што ситуацијата е најкритична“, рече Трудо во видеото објавено на „Твитер“.
From mobilizing health care workers, to boosting rapid testing, to coordinating with provinces and territories, we’re putting everything on the table to keep you safe as we fight this third wave. Watch my update for more on how we’re helping protect Ontarians and all Canadians: pic.twitter.com/iAXWQW5vHQ
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) April 18, 2021
Другите провинции, особено на брегот на Атлантикот, работат да утврдат какви човечки ресурси и опрема можат да ослободат во наредните денови, рече Трудо, додавајќи дека сојузната влада ќе ги покрие трошоците за таа помош, пренесува „Ројтерс“.
Владата исто така ќе се обиде да го засили брзото тестирање, особено за клучните работници, рече Трудо.