Утрински Весник
Спорт

Дончиќ не може сам – Пораз на Далас од Сакраменто

Дончиќ не може сам – Пораз на Далас од Сакраменто

Серијата од девет порази, кошаркарите на Сакраменто Кингс, ја прекинаа во Далас. Кингс ги победија Маверикс со 121:107. Далас го забележаа петтиот пораз на последните седум натпревари.

Маверикс не успеаја да го избегнат поразот иако Лука Дончиќ одигра уште еден спектакуларен меч. Словенецот постигна 37 поени, 22 од нив во последната четвртина. Поддршка Дончиќ доби од Доријан Фини Смит (22 поени) и Џејлен Брансон (20 поени).

Сакраменто до победата го предводеа Деарон Фокс со 30, Херисон Барнс со 24 и Теренс Дејвис со 23 поени.



> Дончиќ не може сам – Пораз на Далас од Сакраменто <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство