Утрински Весник
Свет

Киргистан со напиток од билки ќе се бори против коронавирусот

Киргистан со напиток од билки ќе се бори против коронавирусот

Киргистан ќе користи тоник од билки во лекувањето на болеста предизвикана од Ковид-19, соопшти министерот за здравство.

Неговата изјава следи откако претседателот на Киргистан го пофали тој препарат и покрај предупредувањата на медицинските експерти дека содржи потенцијално смртносни отрови.

Министерот Алимкадир Бејшеналиев на интернет брифинг се напи од лекот oд корен од ендемски растенија за да покаже дека истиот е безбеден.

„ Оние со благи симптоми ќе се опорават за еден ден, а оние со потешка форма на болест за три до четири “, тврди тој.

Претседателот Садир Џапаров лично им го дал на лекарите рецептот што го добил од неговиот татко, а тие веќе го користат, рече министерот за здравство.

Нот Бермет Бариктабасова, поранешен советник на Министерството за здравство, го опишува растението како едно од најотровните во Казахстан.

„ Дури и во најмали дози, екстрактот има силно негативно влијание врз телото и едно лице може брзо да умре“, вели таа, додавајќи: „ Се враќаме во средниот век“.

Во Киргистан се пријавени над 90.000 случаи на коронавирус и над 1.500 смртни случаи.

Можете да прочитате

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота