Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) СДММ поднесува измени на Законот за субвенциониран студентски оброк

(Видео) СДММ поднесува измени на Законот за субвенциониран студентски оброк
Img 7972

Социјалдемократската младина на Македонија до Собранието поднесe Иницијатива за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк.

Со пандемијата предизвикана од Ковид-19 и рестриктивните мерки кои се во сила, студентите не се во можност да посетуваат угостителски објекти каде би го оствариле правото на здрав субвенциониран оброк. Исто така најголем број од студентите наставата ја следат онлајн, од своето место на живеење каде што бројот на угостителски објекти кој нуди студентски оброк е ограничен или воопшто не постои објект кој би можел да понуди студентски оброк во согласност со иницијално замислената идеја на Законот, велат од СДММ.

„ Затоа, со овие Законски измени, нема да се ограничува користењето на правото на субвенциониран оброк само кај угостителски објекти, туку ќе се овозможи корисниците на субвенционирниот оброк да можат да го остварат правото секаде, кај секој трговец. Со тоа ќе се даде поголем избор на продукти на студентите, но и ќе се зголеми искористеноста на средствата со што ќе се амортизираат и последиците од кризата со која се соочуваме“ изјави потпретседателот на СДММ, Никола Јакимовски.

Тој додаде дека Министерството директно ќе врши исплата на средствата за користење на правото на субвенциониран студентски оброк на трансакциската сметка која корисникот ја има пријавено, исплатата ќе се врши првиот работен ден во месецот во износ еднаков на бројот на субвенционирани оброци, на кои студентот има право месечно, а износот на еден субвенциониран оброк е 120 денари.

„ Измените на законот ќе го олеснат секојдневието на студентите кои се погодени од кризата, ќе ја зголемат нивната финансиска сигурност и ќе се овозможи секој студент да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк, што е и целта на носењето на овој Закон. Очекуваме овие измени да бидат усвоени затоа што се во интерес на сите студенти“ рече Јакимовски.

Тој порача дека СДММ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на живот на младите.

Можете да прочитате

Филипче: Политиката не смее да биде сцена за пропаганда

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци