Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Тројца германски принцови поканети на погребот на принцот Филип

Тројца германски принцови поканети на погребот на принцот Филип
Img 7972

На списокот со 30 избрани членови на семејството на кои им било дозволено да присуствуваат на погребот на принцот Филип, имало и тројца германски принцови, кои војводата лично ги избрал да ги претставуваат неговите роднини на неговиот погреб.

На него, му било забрането да присуствува на венчавката на принцот Филип и кралицата Елизабета, благодарение на повоената нервоза што владеела во Бакингемската палата. Сепак, војводата од Единбург остана цврст во намерата „минатото да остане минато“ до крајот на неговиот живот, пишува „Дејли меил“.

Од таа причина, тој јасно стави до знаење дека сака неговите „крвни сродници“, внуците од Германија – Бернард, принцот од Баден, принцот Донат од Хесен и принцот Филип од Хохонлох-Лангенбург, да бидат соодветно претставени и вклучени во неговите постхумни желби.
Од таа причина, тој јасно стави до знаење дека сака неговите „крвни сродници“, внуците од Германија – Бернард, принцот од Баден, принцот Донат од Хесен и принцот Филип од Хохонлох-Лангенбург, да бидат соодветно претставени и вклучени во неговите постхумни желби. Така и беше.

Бидејќи патувањето беше попречено од коронавирусот, двајцата правнуци и еден далечен братучед на војводата беа поканети во Велика Британија уште минатиот викенд, да бидат ставени во карантин до времето на службата. Тие беа сместени кај заеднички пријател во Беркшир, а потоа, по дополнителни тестови за ковид, им се придружија на кралицата и другите членови на потесното семејство во капелата Сент Џорџ.

„ Тоа е навистина неверојатен дел и сите сме крајно трогнати и привилегирани што сме вклучени во име на поширокото семејство“ рече принцот Филип (51) во пресрет на погребот на неговиот братучед.

Неговата баба, принцезата Маргарита, беше постара сестра на војводата која остана во семејниот замок Лангенбург, кој принцот Филип го посетил многу пати.

Друг меѓу нив, принцот Бернард (50) е внук на сестрата на втората војвотка Теодора, додека принцот Донат, познат како „Дон“ (54), е глава на замокот во Хесе, каде се венчаа двете сестри на војводата.

Сестрите на принцот Филип (Маргарита, Теодора, Сесил и Софија) не присуствуваа на неговата венчавка со кралицата Елизабета, поради затегнатите политички односи.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите