Утрински Весник
Македонија

Повеќе лица од Тетово осомничени за перење пари

Повеќе лица од Тетово осомничени за перење пари
Dik 300x250 mk

Неколку лица од Тетово се осомничени за перење пари, информира министерството за внатрешни работи.

СВР Тетово поднело кривична пријава против К.Д.(40), Ф.Д.(61) и Е.Р.(20), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Овие лица во текот на 2016, 2018 и 2019 година во повеќе наврати, преку услугата за брз трансфер на пари, на своите трансакциски сметки отворени во Република Северна Македонија, врз основа на нерегулиран правен основ, примиле парични средства во вкупен износ од 22.327 евра и 8.507 американски долари, како и 3.750 денари, а кои им биле испратени од поголем број непознати лица од Германија, Швајцарија и Косово.

Притоа, Е.Р. паричните средства кои ги примил на неговата трансакциска сметка, откако ги извадил му ги дал на К.Д, додека К.Д. и Ф.Д. паричните средства кои ги примиле од непознати лица на нивните трансакциски сметки, откако ги подигале од сметките, во повеќе наврати ги предавале на рака на А.К., државјанин на Турција кој престојувал во Република Северна Македонија, кој за возврат за направената услуга им давал 1.000 денари.

Пријавените лица, со фактот што примиле парични средства од непознати лица и ги испратиле, исто така, на непознато лице, без да постои правен основ на нивното примање и испраќање, биле должни да знаат или можеле да знаат дека наведениот износ на парични средства најверојатно потекнува и е прибавен од казниво дело, велат од МВР.

Од таму дообјаснуваат дека со стореното кривично дело пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист во висина од 1.821.776 денари.

Можете да прочитате

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари