Утрински Весник
Свет

Рохани: Ќе го намалиме збогатувањето на ураниум ако САД се вратат во нуклеарниот договор

Рохани: Ќе го намалиме збогатувањето на ураниум ако САД се вратат во нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани во четвртокот објави дека неговата земја ќе го ограничи збогатувањето на ураниум на 3,67 отсто ако САД се вратат во нуклеарниот договор од 2015 година и ако ги укинат санкциите, пренесува „Мидл Ист монитор“.

„Ќе го запреме збогатувањето на ураниум за 26 отсто ако бидат укинати санкциите кон Иран. Никој нема право да го обвинува Техеран дека сака да се стекне со нуклеарно оружје додека спротивната страна постојано чува и произведува нуклеарни бомби “, посочи Рохани, нагласувајќи дека Техеран не планира производство на нуклеарна бомба и дека сите негови нуклеарни активности се целосно мирнодобски.

Според иранскиот претседател, Иран може да започне со збогатување на ураниум до 90 отсто, но не сака да го отвори патот за производство на нуклеарна бомба.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV опериран од рак на белите дробови – отстранет му е дел од десното белодробно крило

Москва: НАТО се подготвува за конфликт со Русија, нека не ја минува границата

Вонредна состојба на аеродром во Германија – Прекинати сите летови