Утрински Весник
Свет

Путин нема донесено одлука за средбата која ја предложи Бајден

Путин нема донесено одлука за средбата која ја предложи Бајден
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин ќе донесе конечна одлука по предлогот на неговиот американски колега, Џо Бајден, да се состанат во трета земја, објави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Што се однесува до изјавите на претседателот Бајден, неговиот предлог за средба речиси се поклопува со предлогот даден од претседателот Путин“, рече Песков, а пренесе агенцијата ТАСС.

Песков додаде дека ќе биде потребно време да се разгледа предлогот.

„Одговорот ќе се заснова на одлуките на претседателите, во време и во форма избрана од рускиот претседател“, додаде Песков.

Бајден, претходно неделава, му предложи на Путнин средба на неутрално тло и вчера рече дека е време да се намалат тензиите.

Кремљ го оценува како позитивен фактот дека американскиот претседател сака дијалог, а Финска и Австрија изразија подготвеност да бидат домаќини на нивната средба, пренесе агенцијата „Франс Прес“.

Можете да прочитате

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!