Утрински Весник
Свет

Рот: Цртањето на нови граници на Балканот е опасен пат

Рот: Цртањето на нови граници на Балканот е опасен пат

Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот изјави дека цртањето на нови граници е опасен пат, реагирајќи на предлогот на словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Тој исто така рече дека иднината на земјите од Западен Балкан е само во мултикултурните и мултирелигиски општества.

„Земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиски општества. Регионалното помирување и соработка се клучевите на мирот, демократијата и просперитетот. Поставувањето нови граници е опасен пат”, рече Рот.

Германскиот државен секретар на тој начин се приклучи на официјалниот став на ЕУ дека на Западен Балкан треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на промена на границите.

Германскиот министер за европски прашања реагираше на нон-пејпер предлогот на словенечкиот премиер Јанез Јанша за промена на границите на Балканот, во кој се споменува обединување на Албанија со Косово и дел од Македонија, како и одвојувањето на Република Српска од БиХ.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина