Утрински Весник
Економија

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица.

Од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, соопштија дека оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот.

Кредитите се со каматна стапка од 0% и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.

До Владата е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид 3, од која се овозможени заеми на 2.703 трговци-поединци и микро и мали компании, кои вработуваат вкупно 19.031 лица. Вкупниот износ на одобрени заеми изнесува 30,6 милиони евра. На повикот се пристигнати 3.282 кредитни барања од кои се разгледани 97%. Од нив, се одобрени 2.703 кредитни барања, додека за 489 кредитни барања е утврдено дека не исполнуваат најмалку еден од условите од Јавниот повик.

Најголем број на одобрени кредитни барања има од мали компании – 1.422 (53%), потоа следуваат микро компании – 1.052 (39%), трговците поединци кои се 171 (6%) и 58 занаетчии (2%).

Можете да прочитате

Нема промена на цените на горивата, поскапува само маузтот

Стратешки енергетски проекти за посигурна иднина: Интерконекторите ја отвораат Македонија кон нови пазари

Бакарот е во фокусот на 19 стратешки проекти на ЕУ – Македонија сè уште не го користи целосно својот потенцијал