Утрински Весник
Македонија

Синот му почина млад, од тага почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, д-р Мицајков

6b87d54e 4e66 4d29 81a2 16d03cb0efb3

Кавадарчани денес се простуваат со д-р Манчо Мицајков, својот прв градоначалник избран од граѓаните на првите слободни повеќепартиски локални избори, одржани во 1996 година.

Тој беше специјалист орален хирург, помеѓу своите сограѓани познат како народен човек и скромен политичар, а почина на 73-годишна возраст, по кратко боледување.

Беше едноставен човек, посветен на својата работа, сакаше да биде запаметен помеѓу своите граѓани како некој кој придонел градот да има напредок, на секое поле. Пред неколку години го скрши ненадејната смрт на неговиот син, кој почина доста млад, оставајќи зад себе сопруга и мали деца. Докторот ги помина последните години од животот во огромна болка поради загубата на синот – раскажуваат кавадарчани.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство