Утрински Весник
Македонија

Пациенти на возраст 34,35 и 39 години меѓу 35-те починати од Ковид 19

053f7ec8 ea3c 4872 b457 4667a6f15307
Dik 300x250 mk

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35г, 39г , 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица од Прилеп ( 71г,72г и 77г) и Битола (64г,65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица(54г и 84г), Крива Паланка(71г и 72г) и Струга(62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.284 тестови преку: ИЈЗ-534, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–84, МАНУ-121, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-256, Биотек-243, Систина-198, лабораторија Лаор-152, Синлаб – 51, Ремедика-54, Плодност – 64, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.174.

Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.

Можете да прочитате

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво