Утрински Весник
Македонија

Средба Димитров -Шаленберг

Средба Димитров -Шаленберг
Dik 300x250 mk

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ја заокружи еднодневната работна посета на Австрија со средба со федералниот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг.

Димитров нагласи дека прашањето за отпочнување на преговорите на земјата за полноправно членство во ЕУ има силни геополитички импликации за Унијата како проект за европско обединување и укажа на загриженоста за негативното влијание на секое понатамошно одолговлекување на пристапните преговори врз кредибилитетот на ЕУ во регионот, а со тоа и на улогата на Унијата како глобален актер.

„Ова е клучен момент за постигнување чекор напред во евроинтегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ што би значело и преточување на интересот на Австрија како непосреден сосед на регионот на Западниот Балкан, во конкретен резултат базиран на објективно вреднување на копенхашките критериуми3, рече Димитров.

Министерот Шаленберг ја поздрави посветеноста на земјата во спроведување на реформите кои значат вистинско приближување кон европските стандарди и нагласи дека поддршката и интересот на Виена за заеднички успех е сосема јасна.

Соговорниците разменија мислења за продлабочување на билатералната соработка која што се одвива во рамки на континуирана техничка помош, но и преку економската и инвестициската рамка, како и хуманитарната помош во контекст на Ковид-19 кризата. Димитров се заблагодари за солидаризирањето на Австрија со регионот уште од самиот почеток на здравствената криза, информираат од неговиот кабинет.

„Во овие тешки времиња кои ги предизвика пандемијата, пријателската помош е повеќе од добредојдена, и во тој контекст би сакал да упатам благодарност за континуираната политичка и економска поддршка, но и значајната помош за секторот здравство од Австрија,“ истакна Димитров на средбата.

Можете да прочитате

Царина заплени злато, 37.500 евра, „Ејпл” уреди, тутунски производи и парфеми

ДИК ги одби сите 16 приговори за вториот круг во Брвеница, Карпош и Шуто Оризари

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје