Утрински Весник
Македонија

Судската администрација револтирана: На списоците за вакцинација се само претседатели на судови и судии

Судската администрација револтирана: На списоците за вакцинација се само претседатели на судови и судии

Здружението на судска администрација реагира на Листата за приоритетна вакцинација изготвена на 12 април и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ги изработува листите за вакцинирање на вработени во судовите.

Слудските службеници велат дека на оваа листа се нашле само членови и вработени во Судскиот совет, претседатели на судови и судии, додавајќи дека тие се целосно изоставени.

„Според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, но нејасно е како тоа на листата за вакцинирање без исклучок постои само една категорија на вработени во судовите“, се наведува во реакцијата на судската администрација до Судскиот совет.

Во неа се објаснува и дека судските службеници работат во писарниците и канцелариите со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат своето и здравјето на своите семејства.

„Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од ‘сопствениот двор’?“, јавно прашуваат судските службеници.

Можете да прочитате

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември