Утрински Весник
Економија

(Видео) Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ индустријата и недостасува поддршка од владата

(Видео) Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ индустријата и недостасува поддршка од владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претставници кои се дел од МАСИТ Комората ги истакна успесите кои оваа индустрија ги бележи дури и во услови на пандемија од Ковид-19.

„Обратот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади кои што се во моментот и сите овие бројки се споредено со минатата 2019 година во раст би рекол двоцифрен 10 и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот кои што го платиле овие компании, а кој што е резултат на профитот кои што го оствариле некаде околу 12 ипол милиони евра, значи сериозна бројка која што влегува во буџетот“, истакна Мицкоски.

Според него, она кое што недостасува е соодветната клима и поддршката од страна на владата и исполнување на ветувањата кои што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика, во делот на работните односи.

„Потребно е да се стимулираат овие компании а ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозна програма во делот на дигитализацијата која што практично беше и составен дел од нашата предизборна кампања.Она кое што го гледаме денеска од владата е се само не дигитализација, бидејќи често пати од нивна страна беше најавувано, ниту пак има некаков почеток по тоа прашање“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека општество кое што не е дигитализирано го става под знак прашалник и неговото постоење.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот