Утрински Весник
Македонија

Еден загинат и тројца повредени во тешка сообраќајка кај Бигорскиот манастир

Еден загинат и тројца повредени во тешка сообраќајка кај Бигорскиот манастир

На регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“, вчера во попладневните часови се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби едно лице, а тројца се повредени.

Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале камион влекач со приколка, со српска регистрација, управуван од 53-годишниот српски државјанин Љ.Д. и автомобил „хјундаи акцент“, со скопска регистрација, управуван од А.Ѓ. (68) од Скопје.

На местото на незгодата починал возачот на автомобилот, а неговите сопатници М.Р. (26), Ј.Т. (30) и Г.Т. (34), сите од Скопје, биле пренесени со комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле екипа од гостиварската полиција и Јавен обвинител, а возачот на камионот бил приведен во полициската станица Гостивар.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“