Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец од Арачиново баран со три централни потерници

Приведен криминалец од Арачиново баран со три централни потерници
Dik 300x250 mk

На улицата „Бoца Ивановска” во скопската населба Бутел, вчера во попладневните часови, полициски службеници го уапсиле 29-годишниот Ќ.А. од селото Арачиново, за кого биле распишани три централни потерници од МВР.

Тој бил баран по наредба од затворот во Шутка за доиздржување казна затвор, по бегство од затворот, а во врска со кривично дело самовластие; по наредба на Основното јавно обвинителство за издржување притвор во врска со кривичното дело – трговија со луѓе; по наредба на Основниот кривичен суд во Скопје, во врска со делото загрозување на безбедноста во сообраќајот и еден Централен распис од МВР во врска со делото овозможување бегство на лице лишено од слобода.

29-годишникот бил предаден во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“