Утрински Весник
Македонија

Казни за 109 возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Казни за 109 возачи во Скопје, 30 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 30, три прекршоци биле изречени за возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле четири казни за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на црвено светло и пет санкции за непрописно паркирани возила.

Од МВР предупредуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат, граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса