Студентите во Шведска, и не само студентите, ги отвораат прозорците во 22 часот и врескаат на цел глас – овој феномен се нарекува „крик на Флогст“.
Студенти од Сернандерс Вага, во Упсала, врескаат секоја вечер, а нивните колеги од Лапкарсбергет „пуштаат глас“ само во вторник, додека во Лунд врескањето започнува во 23 часот.
Многумина велат дека станува збор за култ, но причината е прилично рационална – студентите врескаат за да се ослободат од стресот, фрустрациите и стравовите.
Овој феномен, кој Швеѓаните го нарекуваат „крик на Флогст“, го доби името по студентска населба во близина на Упсала.
Според популарната теорија, врескањето започнало во 70-тите или 80-тите години на минатиот век кога група студенти од Лунд гледале документарец за „исконски крик“ и заклучиле дека бучавата ќе им помогне да се ослободат од негативните емоции и стресот поради испитите.
Затоа шведскиот феномен прво беше наречен „крик на Делфи“, а дури подоцна стана „крик на Флогст“.
Ако се најдете во Шведска во студентските делови на градовите каде што овој феномен е сè уште начин на живот – не двоумете се, туку пуштете го гласот, наведува порталот „Пункуфер“.