Утрински Весник
Свет

Принцот Филип ќе биде погребан за една недела, од САД ќе допатува принцот Хари

Принцот Филип ќе биде погребан за една недела, од САД ќе допатува принцот Хари

Погребот на принцот Филип ќе се одржи следната сабота и ќе се емитува на телевизија како дел од „огромниот придонес и трајно наследство на војводата“, пренесува „Скај њуз“.

На граѓаните нема да им биде дозволено да присуствуваат поради пандемијата, но националното минутно молчење ќе се одржи во 15 часот пред почетокот на погребот во капелата Свети Џорџ.

Церемонијата ќе се одржи во рамките на замокот Виндзор, а телото на војводата од Единбург ќе биде пренесено во „Ланд Ровер“, дизајниран од самиот принц Филип.

Принцот Хари ќе допатува на погребот од неговиот дом во САД, додека неговата бремена сопруга Меган била советувана да остане дома.

Остатокот од списокот на гости засега не е познат, а само на 30 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат.

Премиерот Борис Џонсон ја одобри препораката за период на национална жалост до следната сабота.

Кралското семејство ќе биде во жалост две недели, до 22 април.

 

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков