Утрински Весник
Спорт

Арнолд во 91.минута спречи нов кикс на Ливерпул

Барди се јави на Твитер: Во Македонија, мојата возачка дозвола е исправна!

Фудбалерите на Ливерпул забележаа драмтична победа над Астон Вила 2.1, во 31.коло. „Црвените“ ја прекинаа серијата од осум натпревари, на кои немаа победа на „Енфилд“.

Победникот во Ливерпул го реши Трент Александр-Арнолд, кој во 91.минутуа испрати вистински прокетил кон голот на Мартинез кој ја погоди целта.

Претходно, Астон Вила, имаа предност со голот на Воткинс во 43.минута. Во втората минута од судиското надополнување на времето, во првиот дел, поради милиметарски офсајд ВАР го поништи голот на Фирмино.

Ливерпул израмни во 57.минута преку Салах. Египќанецот го постигна 19.гол оваа сезона во Премиер лигата.

Најдобрата шанса за Астон Вила во вториот дел ја имаше Трезеге кога дирекото го спаси Алисон.



> Арнолд во 91.минута спречи нов кикс на Ливерпул <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига