Утрински Весник
Свет

Путин ја обвини Украина за опасни провокативни акции во Донбас

Путин ја обвини Украина за опасни провокативни акции во Донбас

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на разговорот со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, ја обвини Украина за опасни провокативни акции во источниот регион Донбас, објави Кремљ.

Двајцата лидери разговараа за можното заедничко производство на вакцината „спутник В“, објави ТАС.

Путин и Ердоган изразија подготвеност да ја зголемат соработката во борбата против коронавирусот.

Претходно, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното влегување на Украина во НАТО би довело до голема ескалација на тензиите на југоистокот на таа земја и може да има неповратни последици за украинската државност.

Можете да прочитате

Русија го нападна Киев со балистички ракети, Полска подигна авиони

Киев: Ги отфрламе ултиматумите на унгарската и словачката влада

Граѓаните во Полска масовно се вооружуваат