Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Милошоски и Мицкоски саботираат полициски акции заради лични интереси

СДСМ: Милошоски и Мицкоски саботираат полициски акции заради лични интереси

Нема поголемо лицемерие од тоа Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ осудуван и казнет во Германија денеска да зборува и да глуми загриженост за меѓународниот углед на државата, велат од СДСМ, по прес-конференцијата на која пратеникот од опозицсиката партија обвини дека мафијашот Седат Пекер во Скопје бил пречекуван со полициски возила.

„Станува збор за истиот Милошоски против кого пред македонските судови се водат предмети и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда. Неговиот шеф Христијан Мицкоски, пак, го руши меѓународниот углед на земјата со тоа што јавно пласираше информации за акција и истрага која е во тек и која се спроведува со нашите партнери и сојузници“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Во неа се нагласува и дека независна и професионална истрага треба да ги даде одговорите зошто шефот на ВМРО-ДПМНЕ, се решил да саботира сложена полициска операција.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт