Утрински Весник
Магазин

Шпанија запре аукција на можно одамна изгубено ремек-дело на Караваџо

Шпанија запре аукција на можно одамна изгубено ремек-дело на Караваџо

Шпанија ја блокираше аукцијата на слика во Мадрид, сугерирајќи дека може да се работи за оддамна изгубено ремек-дело на италијанскиот ренесансен уметник Караваџо.

Почетната цена за „Крунисување со трње“ првично беше 1.500 евра (1.800 американски долари).

Но, ако е навистина од Микеланџело Мериси, подоцна наречен Караваџо, може да вреди до 150 милиони евра.

Сликата ја испитуваат експерти, и назначено е дека „не за извоз“.

Масло на платно од 17 век го прикажува Исус непосредно пред неговото распетие и, според каталогот на аукцијата, му се припишува на шпанскиот уметник Хозе де Рибера.

Со загриженост дека делото може да се продаде во странство, шпанската влада брзо реагираше и ја блокираше аукцијата само неколку часа пред сликата да се најде под чеканот.

Можете да прочитате

Во Кина почна масовно производство на летачки автомобили

„Ер Њу Зиланд“ воведува кревети на спрат во економската класа, со забрана за грицки и гушкање

Нов Зеланд има најдобра рамнотежа меѓу животот и работата, според Глобалниот индекс за 2025 година