Утрински Весник
Македонија

Бегајќи од полицијата се преврте возило со мигранти кај Градско

Бегајќи од полицијата се преврте возило со мигранти кај Градско

Возило во кое имало 12 мигранти се преврте во близина на Градско, бегајќи од полицијата која го следела.

Според информациите од МВР, настанот се случил утрово, а двајца мигранти се пренесени во болница на укажување на лекарска помош.

Со возилото управувал 23-годишник од Прешево, Србија, кој е приведен.

„Во 5.30 часот кај клучката Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско. На излезот од Градско, возачот М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Почина актерот Гоце Тодоровски – 24info.mk

ЦУК предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Падна 23-годишник во полициска акција во Скопје – пронајдена поголема количина кокаин