Француското здравствено тело денес треба да објави дека оние под 55 години кои ја примиле првата доза на „Астразенека“ ќе бидат вакцинирани со втората доза со вакцината месенџер-РНК, изјави министерот за здравство Оливие Веран.
Веран рече дека ова е мерка на претпазливост се додека не се соберат дополнителни податоци за вакцината на „Астразенека“, при што Франција продолжува да ја поддржува употребата на таа вакцина, пишува „Ројтерс“.
Две вакцини mRNA се одобрени во Франција: едната од „Фајзер“/„Бионтек“ и другата од „Модерна“.
Вакцините месенџер-РНК го поттикнуваат човечкото тело да произведува протеин кој имитира дел од вирусот со кој влегува во клетките, што предизвикува имунолошки одговор, додека традиционалните вакцини како оние нa „Астразенека“ користат неактивен вирус.