Утрински Весник
Свет

Меркел бара од Путин да се намали бројот на руски трупи околу Украина

Img 5587

Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, побарала Русија да го намали бројот на неодамна ангажираните воени трупи близу источна Украина, се вели во соопштение на германската влада.

Меркел, исто така, го покренала и прашањето во врска со затворениот опозиционер, Алексеј Навални, кој моментално е болен во затвор и кој бара пристап до независен медицински третман, пренесува „Ројтерс“.

Img 5587

„Меѓу другото, разговорот беше и за зголеменото руско воено присуство во околината на источна Украина. Канцеларката побара да се намали оваа акумулација на трупи за да се смири ситуацијата“, се додава во соопштението.

Во телефонскиот разговор со канцеларката, рускиот претседател изразил загриженост за ескалацијата на тензиите во Донбас и ја обвинил Украина за провокаторски активности во тој регион.

Ss1

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење