Утрински Весник
Свет

Руска национална гарда: Кримскиот мост е заштитен од воздух, од земја и од вода

Руска национална гарда: Кримскиот мост е заштитен од воздух, од земја и од вода

Кримскиот мост е максимално заштитен од потенцијални закани, изјави началникот на руската Национална гарда, Виктор Золотов, за ТАСС.

„Објектите на транспортната врска Керч денес се сеопфатно заштитени од земја, од воздух, од вода и под вода. Во водите во непосредна близина на оваа голема транспортна артерија патролираат чамци на Националната гарда, а нашите борбени пливачи ги проверуваат подводните делови на мостот. Ова е напорна работа и огромна одговорност “, рече тој.

Антидиверзантски чамци од класата „грачонок“ се прифатени за служба во Националната гарда на Русија за да се осигури безбедноста на објектите во теснецот Керч, посочи Золотов.

Бригадата за специјални операции на Националната гарда работи во тесна интеракција со министерствата за одбрана и за внатрешни работи на Русија, Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Министерството за транспорт и енергија.

„Од минатата година, групацијата работи во целост под општата команда на Здружениот центар за координација“, рече шефот на Националната гарда.

 

Можете да прочитате

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави

НАТО спроведува голема воздушна воена вежба во Романија

Лавров: Ако Западот сака да се бори на страна на Украина, Русија е подготвена