Утрински Весник
Магазин

Тајгер Вудс во сообраќајката возел со двојно поголема брзина од ограничената

Тајгер Вудс во сообраќајката возел со двојно поголема брзина од ограничената

Тајгер Вудс возел речиси двојно побрзо од ограничената брзина кога направи судир во февруари, утврди истрагата за неговата несреќа.

Голф легендата претрпе повеќе повреди на ногата откако неговиот автомобил удри во банкина и неколку пати се преврте, а според шерифот на округот Лос Анџелес, сега е потврдено дека возел помеѓу 84 и 87 милји на час (135 и 140 км на час) во моментот на несреќата во област со ограничување на брзината од 45 км / ч.

„Примарниот причински фактор за оваа сообраќајна несреќа бил возење со брзина небезбедна за условите на патот и неможноста да ја совлада кривината на коловозот,“ рече шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Вилануева.

Можете да прочитате

Есента пристигна: Деновите ќе стануваат се пократки, ноќите подолги

Трагедија на Октоберфест: Српски државјанин загина на забавна атракција

Само тројца луѓе во светот можат да патуваат без пасош