Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кузеска: Независна истрага да даде одоговри зошто Мицкоски се обиде да саботира акција на полицијата

Кузеска: Независна истрага да даде одоговри зошто Мицкоски се обиде да саботира акција на полицијата
Img 7972

Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.  Таа рече делакцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши завршила успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период.

„Дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, како што и сам кажа во еден јавно објавен разговор, и дека е против правдата, граѓаните добро го знаат. Но, кога станува збор за загрозување на полициска истрага, тоа повлекува и истрага за утврдување одговорност. Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции. Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција“, рече Кузеска.

Таа порача дека само независна и транспрента истрага ќе даде одоговри кој е интересот на Христијан Мицкоски што се обидел да ја саботира оваа акција на полицијата. Понатаму, зошто Мицкоски бранел криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи со нив.

„Јавноста, со право очекува одговори“, рече Кузеска.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени