Утрински Весник
Свет
Img 7972

Курц потврди дека Австрија e во преговори за купување на руската вакцина „спутник В“

Курц потврди дека Австрија e во преговори за купување на руската вакцина „спутник В“
Dik 300x250 mk

Откако од Германија пристигна веста дека во Баварија е одобрено прелиминарното купување на „спутник В“, австрискиот канцелар потврди дека и неговата земја го следи тој пат.

Себастијан Курц изјави денеска дека се залага за набавка на руската вакцина против коронавирус, бидејќи тоа во голема мера би го забрзало планот за вакцинација, притоа ги наведе Унгарија и Србија како пример за значителен напредок во вакцинацијата со оваа вакцина.

Курц, одговарајќи на прашања на граѓаните преку видеоснимка на „Инстаграм“, беше запрашан за набавка на вакцината и дали државата треба да обезбеди повеќе пари за да купи повеќе вакцини, тој рече дека тоа не е можно, не поради пари, туку поради можноста за купување на вакцината.

Тој објасни дека Австрија во моментов е во преговори околу купувањето на руската вакцина „спутник В“.

„Имаме понуда да набавиме милиони дози вакцини „спутник В“. Тоа многу ќе ни помогне. Јас сум за тој договор и во моментов се согласуваме за тоа во владата. Милион дози значително би го забрзале нашиот план за вакцинација “, потенцира Курц.

Запрашан за одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА), тој потсети дека во неколку наврати ја критикувал бавноста на таа институција. „Веќе има неколку земји кои ја користат вакцината „спутник“, како што се Унгарија и Србија, кои благодарение на тоа имаат предност во процесот на вакцинирање. Тоа спасува животи и ги враќа слободите на граѓаните”, рече тој.

Тој изрази надеж дека Австрија ќе успее да набави руски вакцини и да ги примени. „Но, тоа не е само моја одлука. Јас сум за таа набавка“, подвлече тој.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија