Утрински Весник
Македонија

Почна вакцинацијата на наставниците

Почна вакцинацијата на наставниците

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во салата А1 Арената.

Од Министерството за образование и наука соопштија дека станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час.

Министерството апелира наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на коронавирусот.

„Состојбата во образование со коронавирусот е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажа како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид во училиштата“, соопшти МОН.

Во овој период на територија на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство, што, според МОН, е исклучително ниска бројка.

Од таму наведуваат дека процесот на вакцинација заедно со почитувањето на мерките засега е единствениот начин да се намали трансмисијата во државата вклучително и образовните институции.

Можете да прочитате

ОЈО отвори истрага за нападот врз лекар во поликлиниката „Букурешт“

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај Мостот „Гоце Делчев“

Пет лица уапсени во Скопје за предизвикување пожари