Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Ништо не ги пере Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од бесрамниот обид да саботираат полициска акција

СДСМ: Ништо не ги пере Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од бесрамниот обид да саботираат полициска акција
Img 7972

Нервозен е Александар Николоски, наместо да даде одговори за скандалот „кавијар – дипломатија“ очајно е застанат на страната на Мицкоски, реагираат од СДСМ на прес-конеференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој кажа дека единствениот контакт на Мицкоски со вмешан во аферата „Мафија“ бил со Зоран Заев на лидерската.

„Фатени живи, ништо не ги пере Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од бесрамниот обид да саботираат полициска акција за да спасат криминалци. Христијан Мицкоски е фатен како брани криминалци, во обид да саботира полициска акција. Цврсто стои Мицкоски на браникот на криминалот, на спротивната страна на правдата и законите. Но ваквите негови обиди пропаднаа, не успеаја да ги спасат криминалците, акцијата на полицијата успешно заврши. А кој друг да се вклучи во одбрана на криминалци ако не Алексадар Николоски? Нервозен е Александар Николовски, наместо да даде одговори за неговата наводна вмешаност во скандалот наречен „кавијар – дипломатија“ очајно е застанат на страната на Мицкоски“, се наведува во реакцијата.

Фатени живи, додаваат од СДСМ, ништо не ги пере ниту Мицкоски ниту Николоски.

СДСМ смета дека за овој случај треба да се произнесе Јавното обвинителство.

„Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ