Утрински Весник
Свет

Бразил: Повеќе од 4.000 починати од коронавирус во еден ден

Болсонаро им порача на граѓаните: Престанете да лелекате
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Бразил за прв пат е надмината границата од 4.000 смртни случаи од коронавирус за еден ден, со пријавени 4.195 смртни случаи во последните 24 часа, според новиот биланс на Министерството за здравство.

Министерството објави дека од ковид досега починале вкупно 336.947 лица, а Бразил, со повеќе од 210 милиони жители, е втор во светот, по САД, по бројот на смртни случаи од коронавирусот.

Бразил е исто така втор во светот по бројот на заразени, со повеќе од 13 милиони потврдени случаи на инфекција, 86.979 во последните 24 часа.

Пандемијата се чини дека целосно излезе од контрола во таа најголема латиноамериканска земја, каде што црните рекорди паѓаат од ден на ден во последните неколку недели.

Болниците се преполни, луѓето умираат додека чекаат на лекување во некои градови, а здравствениот систем е пред колапс во многу области, пренесува „Би-би-си“.

Претседателот Жаир Болсонаро продолжува да се спротивставува на какви било мерки на заклучување за да се спречи ширењето на инфекцијата, пишува „Би-би-си“. Тој верува дека штетата врз економијата ќе биде полоша од последиците од самиот вирус и се обиде во судовите да укине некои од ограничувањата наметнати од локалните власти.

Можете да прочитате

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Ким и неговата ќерка отвораа хотели