Утрински Весник
Свет

ЕМА ќе истражи дали испитувањата на „спутник В“ се во согласност со стандардите

ЕМА ќе истражи дали испитувањата на „спутник В“ се во согласност со стандардите

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе започне да истражува следната недела дали клиничките испитувања на руската вакцина против Ковид-19, „спутник В“, се спроведени во согласност со глобалните клинички и научни упатства, објави „Фајненшл тајмс“.

ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознаени со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на „спутник В“ не биле спроведени во согласност со етичките стандарди.

Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека не бил извршен притисок (врз учесниците) и дека испитувањата на „спутник“ биле спроведени во согласност со клиничката пракса.

Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината развиена од државна лабораторија и финансирана од РДИФ.

Можете да прочитате

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут

Русија тврди дека само во Киев уништила десет воени производствени погони

Мечка нападнала четири лица во Јапонија