Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Првиот проект на принцот Хари и Меган за „Нетфликс“ ќе биде за игрите Инвиктус

Првиот проект на принцот Хари и Меган за „Нетфликс“ ќе биде за игрите Инвиктус
Dik 300x250 mk

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе ја проуцираат својата прва серија за „Нетфликс“ која ќе се фокусира на спортисти кои се натпреваруваат на Invictus Games, натпревар за повредени ветерани што треба да се одржи во Хаг во 2022 година.

Хари ќе се појави пред камера во документарната серија насловена Heart of Invictus и ќе биде извршен продуцент преку неговата „Арчивел продукции“,  „Нетфликс инк“ соопшти во вторникот.

Серијата ќе содржи приказни зад сцената на спортисти и организатори додека се подготвуваат за настанот, кој беше одложен до следната пролет поради пандемијата на Ковид-19, соопшти Нетфликс.

„Инвиктус гејмс“ е меѓународен спортски натпревар за воен персонал ранет во акција. Натпреварот беше создаден во 2017 година од принцот Хари, кој служеше како војник во Авганистан.

Можете да прочитате

Лила со емотивна порака за Панчо – Куме, пејте заедно со Андреј на небото…

„Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам“, и Ана, придружниот вокал на ДНК се прости со Панчо

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји