Утрински Весник
Свет

Данска воведе „ковид пасоши“ за внатрешна употреба

Данска воведе „ковид пасоши“ за внатрешна употреба

Oд денеска Данска почнува со користење ковид-пасоши за внатрешна употреба.

Целта, како што се наведува, е да им се помогне на несуштинските компании повторно да се отворат кон клиентите. Ковид-пасошот е за луѓе што се целосно вакцинирани, биле позитивни на Ковид-19 пред две до 12 недели или имаат негативен ПЦР-тест во претходните 72 часа.

Данското Министерство за правда предупреди дека компаниите што ќе дозволат влез за клиенти без соодветен ковид-пасош ќе бидат казнети со 400 евра или 6.000 евра за повторени прекршувања, а клиентите ќе бидат казнети со 330 евра.

Данска е меѓу првите земји во Европа што спроведува ваков систем.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк