Утрински Весник
Свет

Иран во Виена ќе инсистира на целосно отстранување на санкциите од САД

Иран во Виена ќе инсистира на целосно отстранување на санкциите од САД

Техеран е подготвен да се согласи да се врати на обврските од нуклеарниот договор на состанокот што треба да се одржи во Виена денеска само во замена за укинување на сите санкции на САД, објави Прес ТВ, повикувајќи се на информиран извор во иранската делегација.

„Техеран нема да прифати поинаков резултат на состанокот во Виена освен отстранување на сите санкции“, рече изворот, цитиран од Прес ТВ.

„Иран ќе ги започне своите мерки за враќање на обврските на ЈЦПОА само по укинувањето на сите санкции на САД и проверка на истите. Специјалниот пратеник на САД за Иран, Роберт Мали, ќе мора да си замине од Виена со празни раце ако состанокот резултира со нешто друго освен со отстранување на сите санкции на САД“, забележа изворот.

Австриската престолнина Виена денеска ќе биде домаќин на состанокот на Заедничката комисија за Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА) за нуклеарната програма на Иран. Учесниците на состанокот, прв во 2021 година, ќе се фокусираат на начините за враќање на нуклеарниот договор и утврдување прашања што ќе треба да ги разгледаат експертските групи.

Рускиот постојан претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, ќе ја претставува Москва на состанокот, а делегацијата на Иран ќе ја води главниот преговарач за нуклеарниот договор, Абас Арагчи.

 

Можете да прочитате

ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина, најави Фон дер Лајен

Над 30.000 Италијанци на Фејсбук споделувале интимни фотографии на жени

Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина