Утрински Весник
Македонија

Вработен во пошта украл пратка од странство со банкарска картичка и пин

Вработен во пошта украл пратка од странство со банкарска картичка и пин

Вработен во подружница на Пошта во Гостивар украл пратка од Србија во која имало банкарска картичка и пин и вадел пари од картичката.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице, картист-насочувач, во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија наменета за лице од село Добридол, во која имало банкарска картичка и пин број со која оштетениот требало да ја подигне пензијата“, соопшти обвинителството.

Од таму додаваат дека обвинетиот неколкупати ја употребил картичката и од банкомат подигнал 15.000 денари.

Можете да прочитате

Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате? 

Амбасадорот на Турција во честитачка посета кај градоначалникот Лимани – сигнал за зајакнување на соработката со Гостивар

ССМ во среда излегува на протест за поголеми плати