Утрински Весник
Свет

Велика Британија од следната недела ќе ги ублажи мерките

Велика Британија од следната недела ќе ги ублажи мерките

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, потврди дека пабовите, продавниците, фризерските салони и спортските сали ќе се отворат следниот понеделник. Кафулињата, пабовите и рестораните ќе можат да ги служат гостите само на отворено или на терасите.

Тој додаде дека програмата за вакцинација против Ковид-19 се одвива според планот и дека стапката на инфекција е доволно ниска за дополнително олеснување на рестриктивните мерки од 12 април, пишува „Гардијан“.

Џонсон рече дека се надева дека меѓународите патувања кои не се нужни ќе бидат дозволени од 17 мај.

„Се надевам дека ќе започнат на 17 мај, но не сакам да го испровоцирам ѓаволот и да ги потценувам проблемите што постојат во некои земји во кои луѓето можеби ќе сакаат да одат“, рече Џонсон на прес-конференција, додавајќи дека не сака повторно да се увезуваат случаи на коронавирус во Велика Британија.

Можете да прочитате

Најнови анкети во САД: Демократите имаат предност од речиси девет поени

ИЕА: Европа се соочува со недостиг на гас

Русите нападнаа болница во Харков, најмалку 46 повредени, 200 пациенти евакуирани