Утрински Весник
Свет

Лидерите на Осака официјално побараа олимпискиот факел да не поминува низ градот

Лидерите на Осака официјално побараа олимпискиот факел да не поминува низ градот

Лидерите на јапонскиот град Осака, кои сакаа да откажат еден дел од поминувањето на олимпискиот факел низ Јапонија, денес официјално побараа да се откаже носењето пламен низ градот во западниот дел на земјата на изгрејсонцето.

Организаторите на Олимписките игри во Токио сметаат дека поминувањето на олимпискиот оган низ целата јапонска територија е првиот тест за можноста за одржување настани со поголем број луѓе притоа почитувајќи ги строгите противепидемиски мерки.

Осака се бори со сè поголем број лица заразени со коронавирус и затоа градоначалникот на таа провинција побара откажување на олимписката штафета.

Организаторите бараат од гледачите кои ќе одлучат да го следат патот на олимпискиот факел во живо да носат маска, да ја одржуваат пропишаната оддалеченост и да се воздржат од силни извици за да спречат ширење на вирусот.

Факелот го започна своето патување низ Јапонија на 25 март и досега нема извештаи за случаи на зараза кои би можеле да бидат поврзани со минување на олимпискиот оган.

Можете да прочитате

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас