Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија: Уапсено лице кое планирало терористички напад

Русија: Уапсено лице кое планирало терористички напад
Dik 300x250 mk

Руската служба за безбедност уапси симпатизер на терористичките организации коj планирал да кренe во воздух полициска станица во која тој секој ден се пријавувал по издржувањето на затворската казна.

Според ТАСС, ова на полицијата и го потврдила негова пријателка, која кажала дека знаела за неговите намери, дека купил материјал за правење бомба и дека планира напад на 5 април.

Во соопштението за јавност на Руската федерална служба за безбедност се наведува дека руски државјанин, кој претходно бил осудуван за кривично дело, бил уапсен во градот Киславодск во регионот на Ставропол во Северен Кавказ, бидејќи планирал напад на полициска станица по налог на терористичка организација.

При претресот, оперативците на ФСБ заплениле материјал за правење експлозив, екстремистички пропаганден материјал и упатства за изработка на експлозивни направи.

Безбедносната служба во Кисловодск ги лиши од слобода и тројцата негови соучесници, кои беа осомничени за организирање на финансирање на припадници на екстремистички групи во Сирија.

Според ФСБ, тие основале ќелија на Исламската држава, која е забранета во Русија, а имала за цел да изврши терористички напад на територијата на регионот на Ставропол.

Можете да прочитате

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака