Утрински Весник
Свет

Папа Франциско: Секогаш е можно да се започне одново

Папа Франциско: Секогаш е можно да се започне одново
Dik 300x250 mk

За време на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им порача на верниците дека секогаш е можно да се започне од почеток, затоа што секогаш има нов живот. Неговите зборови беа цитирани од медиумите кои го следеа неговото обраќање.

Медиумите анализираат дека неговите зборови се упатени не само кон верниците туку и кон сите луѓе кои поминуваат низ тешките денови во борбата против пандемијата од Ковид-19.

„Во овие мрачни месеци на пандемијата, се чувствуваме блиски со Господ, кој воскресна, и кој не повикува да не губиме надеж“, рече папата Франциско.

Тој повика и посочи не само на нов почеток, туку и на отворање нови патишта каде што се чини дека ги нема и да се оди, доколку е потребно, против плимата и веќе виденото .

Велигденското бдение се одвиваше строго во согласност со анти-ковид мерките и започна, поради полициски час, порано од вообичаеното а на истото присуствуваа многу мал број верници, кои ги поминаа сите контролни мерки пред службата.

Велигденскиот циклус на прослави, предводен од папата Франциско, завршува денес со миса во базиликата Свети Петар во Рим, благослов и конечно вековна традиција на објавување на пораката на папата „Урби ет Орби“.

Можете да прочитате

Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето

Драма на небото: Изби пожар во авион на 10.000 метри (ВИДЕО)

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи