Утрински Весник
Свет

Италија под карантин за велигденските празници

Италија под карантин за велигденските празници

Поради ризикот од ширење на пандемијата со Ковид-19 за време на велигденските празници низ цела Италија од денеска започна тридневен карантин.

Ова значи дека секое движење надвор од куќата е забрането, освен од оправдани причини и со задолжителна лична изјава, а олеснувањето на мерките се очекува на 6 април, пишуваат тамошните медиуми.

Затворени се сите трговски објекти, освен храна, аптеки, новински весници и слично.

Жителите на Рим до денес беа во портокаловата зона, што значи дека мерките беа малку порелаксирани и дека продавниците, и не само оние со храна, беа отворени.

На граѓаните на Рим им беше забрането да се движат надвор од општината на живеење, освен од оправдани причини, и во рамките на истата општина, беше дозволена само една домашна посета во текот на денот, и само за две лица кои не припаѓаат на тоа домаќинство, птренесуваат медиумите.

Кина, театри, музеи се затворени и културни настани не се одржуваат.

Во Италија, имунизацијата се спроведува со вакцини произведени од „Фајзер“, „Астра зенека“ и „Модерна“, а во текот на април се очекува да бидат достапни и „Џонсон и Џонсон“, а граѓаните немаат можност да изберат вакцина.

Италија воведува задолжителен петдневен карантин за сите оние кои доаѓаат или се враќаат од земјите на ЕУ, а патниците исто така ќе треба да се тестираат за коронавирусот пред да ја напуштат земјата, како и по завршувањето на петдневниот карантин.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари