Утрински Весник
Спорт

ВБА пукнаа петарда во мрежата на Челси

ВБА пукнаа петарда во мрежата на Челси

30.коло во Премиер лигата започна со сензационален резулта на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон. Претпоследниот тим во лигата, ВБА, со 5.2 го победи фаворизираниот Челси.

ВБА прв пат по 1978 година успеа да победи на теренот на Челси. Победата е импресивна без оглед на тоа што Челси од 29.минута играа со фудбалер помалку. Ветеранот Тијаго Силва мораше во соблекувалната поради вториот жолт картон.

Претходно Челси имаа предност од 26.минута со голот на Кристијан Пулишиќ. И со ограч помалку, Челси имаа предност се до судискоот надополнување на времето во првиот дел.

Во екстра времето, во 47. и 49. минута. со головите на Переира.

Во вториот дел, ВБА направија уште еден блиц-криг. Робинсон постигна прекрасен гол во 63.минута, а пет минути подоцна Менди го совлада и Диање. Трошка надеж за Челси донесе голот на Мејсон Маунт во 71.минута, но до крајот „сините“ не успеаја да создадат уште некоја шанса.

Точка на мечот стави Робинсон со својот втор гол во 91 минута. Робинсон, во досегашниот дел од сезоната има постигнато пет гола, сите против Челси во двата дуели. Во првиот дел од сезоната, кога натпреварот заврши 3:3, Робинсон постигна три гола.



> ВБА пукнаа петарда во мрежата на Челси <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига